часовници

заедно почнавме вака
знаејќи дека сме обични
знаејќи дека љубовта ни е просечна
знаејќи дека среќата ни е секојдневна

одлучивме следно
да не ги споделуваме омилените работи
да не ги валкаме со сеќавања за нас

превентивно
чуваме потсетници за работите во кои уживаме
запишуваме парчиња облека
што не смееме да ги носиме кога сме заедно
книги и филмови кои треба да ги штитиме
од минатото што ќе дојде

оти душите ќе ни побрзаат со ветувања
што телата не можат да ги одржат
оти од претераната дентална хигиена
ги доведов забите до расипување
оти твоите рани симптоми на остеопороза
се погласни од нашите усни на допирање

оти дури и да сме од ѕвезден прав љубовници отелотворени
тоа се и сите останати
а правта се расфрла и го тера ветерот на кивање и болки

можеби пред да се срониме
ќе се залепиме еден за друг
како мувла на отстојан леб
заљубени и во години
шизофрени и подзаборавени
со болен ум
и радосно срце
низ очила со диоптер
ќе го гледаме светот розово
ќе бараме мапи од овој град
каде сме ги поминале животите
но каде пристигнуваме секој ден
искусувајќи го за прв и последен пат
оти телата никогаш не ни забораваат
на забите кои ги немаат
и коските кои крцкаат
со сказалките на саат
додека рацете ни извлекуваат
песни, поеми, облека
книги и филмови
хартиени сувенири на лагер
што ќе ни биде в сеќавање тогаш,
зборовите или времето во кое сме ги пишувале?
време победува камен
камен победува хартија
хартија победува време
време победува

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s