Градот

Погледни ја мојата река како змија од уморно сребро
Моите бронзи како пломби на омразен заб
Моите плажи кои со мирис се лепат за тебе
Мојот брод без капетан

Погледни ме како играм по калдрмата
Во `63 толку се занесов што се отворив сам
Погледни како за вас го чувам часовникот од времето
Под стапалата, јас онолцкав, кријам град Голијат

Вие, урбани магови, во вашите пештери на катови
Ме оставате надвор каде птиците уште само
Како пчели ви ги збираат гласовите
од улиште до улиште
од улиште во улиште
А тие прозорци очи урокливи се
Оти ми го сечат небото на стаклени залаци
Каде в зима со гранки соголени
Се јавувам како астматичар на рендгенски снимки

„Градот невозможен, непостоен, сонет
сронет во саѓосан поучен спомен
Градот разграден, ограден, огрден од себе
На изгрејсонце се обиде да ме заведе
Во разговорите меѓу долгите нозе на убавиците
Каде се чуваат мислите на заљубените момчиња
Кои купуваат погрешни билети на станиците.

Градот кој ме заведе вечерта
изгубен во луѓето кои се движеа
како лепак и песна на ластовичка.“

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s