Вака се пишува поезија

Не се будам Одам на работа Ги бројам мртвите Стрелките на часовникот Што ми ги ставаат в скут Ги именувам празнините Меѓу забите Светот ме живее Еден ден уште Си персираме Одам в кревет кога Чувствувам сум го уморила Вака јас пишувам поезија Advertisements

Градот

Погледни ја мојата река како змија од уморно сребро Моите бронзи како пломби на омразен заб Моите плажи кои со мирис се лепат за тебе Мојот брод без капетан Погледни ме како играм по калдрмата Во `63 толку се занесов што се отворив сам Погледни како за вас го чувам часовникот од времето Под стапалата, […]

Таа – Анте Поповски

Никојпат не е таа сама. Таа се две: онаа која бесконечно молчи и онаа која го слуша моето молчење. Никојпат не е таа сама. Таа се две: онаа која бесконечно чека и онаа која влегува во своето чекање. Никојпат не е таа сама. Таа се две: онаа што е распната и онаа која ги кове […]

Мојот љубовник е чудовишен ангел

Мојот љубовник е чудовишен ангел кога заспива Сенката започнува да му нараснува со секое издишување Во 2:35 Тој е Спалната Ги отворам трите врати на едната соба Звуците од улиците исплашено ги плазат јазиците Но, не се осмелуваат да влезат Мојот сакан е Насмеан Буда кога спие Главата ги прегнува молкот и мракот и ги […]

Евгенија Гранде во продавница за миленици

Солзи надоаѓаат со одлучност на чекан. Зајак џвака зелен лист на презреан стоицизам. Папагал ниша глава на заинтересиран посетител на зоолошка. Сивоглав сопственик нуди сивообоен кучеки бисквит. Пат кон дома во стисок. Тврдост која ветува сигурност. Потоа спиење.

часовници

заедно почнавме вака знаејќи дека сме обични знаејќи дека љубовта ни е просечна знаејќи дека среќата ни е секојдневна одлучивме следно да не ги споделуваме омилените работи да не ги валкаме со сеќавања за нас превентивно чуваме потсетници за работите во кои уживаме запишуваме парчиња облека што не смееме да ги носиме кога сме заедно […]