Вака се пишува поезија

Не се будам Одам на работа Ги бројам мртвите Стрелките на часовникот Што ми ги ставаат в скут Ги именувам празнините Меѓу забите Светот ме живее Еден ден уште Си персираме Одам в кревет кога Чувствувам сум го уморила Вака јас пишувам поезија

Градот

Погледни ја мојата река како змија од уморно сребро Моите бронзи како пломби на омразен заб Моите плажи кои со мирис се лепат за тебе Мојот брод без капетан Погледни ме како играм по калдрмата Во `63 толку се занесов што се отворив сам Погледни како за вас го чувам часовникот од времето Под стапалата, […]

часовници

заедно почнавме вака знаејќи дека сме обични знаејќи дека љубовта ни е просечна знаејќи дека среќата ни е секојдневна одлучивме следно да не ги споделуваме омилените работи да не ги валкаме со сеќавања за нас превентивно чуваме потсетници за работите во кои уживаме запишуваме парчиња облека што не смееме да ги носиме кога сме заедно […]