Вака се пишува поезија

Не се будам Одам на работа Ги бројам мртвите Стрелките на часовникот Што ми ги ставаат в скут Ги именувам празнините Меѓу забите Светот ме живее Еден ден уште Си персираме Одам в кревет кога Чувствувам сум го уморила Вака јас пишувам поезија Advertisements

Мојот љубовник е чудовишен ангел

Мојот љубовник е чудовишен ангел кога заспива Сенката започнува да му нараснува со секое издишување Во 2:35 Тој е Спалната Ги отворам трите врати на едната соба Звуците од улиците исплашено ги плазат јазиците Но, не се осмелуваат да влезат Мојот сакан е Насмеан Буда кога спие Главата ги прегнува молкот и мракот и ги […]