Реквием на сино

запретав сила во својата слабост стојам пред тебе, клекната ѓонот од сандалките нежно молчи под моите две полутопки – јаболчиња црвена сум одвнатре и под клепкиве образите ми горат сино твојата буква се слизнува по нив син фустан (го украдов од креденецот на туѓи спомени, и таму некоја семејна историја заклучена во нив) шушкам со […]

Вака се пишува поезија

Не се будам Одам на работа Ги бројам мртвите Стрелките на часовникот Што ми ги ставаат в скут Ги именувам празнините Меѓу забите Светот ме живее Еден ден уште Си персираме Одам в кревет кога Чувствувам сум го уморила Вака јас пишувам поезија

Градот

Погледни ја мојата река како змија од уморно сребро Моите бронзи како пломби на омразен заб Моите плажи кои со мирис се лепат за тебе Мојот брод без капетан Погледни ме како играм по калдрмата Во `63-та толку се занесов што се отворив сам Погледни како за вас го чувам часовникот од времето Под стапалата, […]

Таа – Анте Поповски

Никојпат не е таа сама. Таа се две: онаа која бесконечно молчи и онаа која го слуша моето молчење. Никојпат не е таа сама. Таа се две: онаа која бесконечно чека и онаа која влегува во своето чекање. Никојпат не е таа сама. Таа се две: онаа што е распната и онаа која ги кове […]

Мојот љубовник е чудовишен ангел

Мојот љубовник е чудовишен ангел кога заспива Сенката започнува да му нараснува со секое издишување Во 2:35 Тој е Спалната Ги отворам трите врати на едната соба Звуците од улиците исплашено ги плазат јазиците Но, не се осмелуваат да влезат Мојот сакан е Насмеан Буда кога спие Главата ги прегнува молкот и мракот и ги […]

часовници

заедно почнавме вака знаејќи дека сме обични знаејќи дека љубовта ни е просечна знаејќи дека среќата ни е секојдневна одлучивме следно да не ги споделуваме омилените работи да не ги валкаме со сеќавања за нас превентивно чуваме потсетници за работите во кои уживаме запишуваме парчиња облека што не смееме да ги носиме кога сме заедно […]