Вака се пишува поезија

Не се будам Одам на работа Ги бројам мртвите Стрелките на часовникот Што ми ги ставаат в скут Ги именувам празнините Меѓу забите Светот ме живее Еден ден уште Си персираме Одам в кревет кога Чувствувам сум го уморила Вака јас пишувам поезија Advertisements

часовници

заедно почнавме вака знаејќи дека сме обични знаејќи дека љубовта ни е просечна знаејќи дека среќата ни е секојдневна одлучивме следно да не ги споделуваме омилените работи да не ги валкаме со сеќавања за нас превентивно чуваме потсетници за работите во кои уживаме запишуваме парчиња облека што не смееме да ги носиме кога сме заедно […]