Реквием на сино

запретав сила во својата слабост стојам пред тебе, клекната ѓонот од сандалките нежно молчи под моите две полутопки – јаболчиња црвена сум одвнатре и под клепкиве образите ми горат сино твојата буква се слизнува по нив син фустан (го украдов од креденецот на туѓи спомени, и таму некоја семејна историја заклучена во нив) шушкам со […]

Мојот љубовник е чудовишен ангел

Мојот љубовник е чудовишен ангел кога заспива Сенката започнува да му нараснува со секое издишување Во 2:35 Тој е Спалната Ги отворам трите врати на едната соба Звуците од улиците исплашено ги плазат јазиците Но, не се осмелуваат да влезат Мојот сакан е Насмеан Буда кога спие Главата ги прегнува молкот и мракот и ги […]

часовници

заедно почнавме вака знаејќи дека сме обични знаејќи дека љубовта ни е просечна знаејќи дека среќата ни е секојдневна одлучивме следно да не ги споделуваме омилените работи да не ги валкаме со сеќавања за нас превентивно чуваме потсетници за работите во кои уживаме запишуваме парчиња облека што не смееме да ги носиме кога сме заедно […]